Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески најавува дека уште во текот на овој месец Министерството ќе почне да ги издава лиценците за работа на градежните фирми и проектантските куќи, кои се обврска што произлегува од Законот за градење. Во Министерството е формирана Комисија која работи на теркот на лиценците. Комората на овластени архитекти и овластени инженери, пак, веќе издава дел од овластувањата, кои се наменети за инженерите вклучени во градењето.
Јанакиески вели дека градежните и проектантските фирми се известени дека во најскоро време треба да земат лиценци за работа и овластувања за своите инженери, па по Нова година нема да се примаат планови или урбанистички проекти кои не се изработени од лиценцирани фирми и овластени проектанти.
Објавено во број 92.